Македонија е една од најмалку задолжените земји во Европа

ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешните обвинувања од СДСМ за задолженоста истакнува дека Македонија е една од најмалку задолжените земји во Европа.– Македонија и покрај желбите на СДСМ да се случи грчко сценарио е земја која со години наназад е поздравувана од страна на релевантни меѓународни финансиски институции за успешно менаџирање на јавниот и државниот долг. Македонија денес е една од најмалку задолжените земји во Европа и покрај европската должничка и светската економска криза, што е резултат на успешните економски политики кои ВМРО-ДПМНЕ ги презема, се наведува во реакцијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека обвинувањата на СДСМ се побиваат со податоците коишто ги објавува Министерството за финансии за расходната и приходната страна на Буџетот, како и за долговите.
– Впрочем сега граѓаните може да видат каде завршуваат парите, за разлика од времето на СДСМ кога само во мандатот 2002-2006 потрошија милијарди евра народни пари, а камен на камен не оставија,се вели во реакцијата и се додава дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ изградени се три автопати, училишта, градинки, се доделуваат субвенции, стипендии..– Македонија и покрај желбите на СДСМ да се случи грчко сценарио е земја која со години наназад е поздравувана од страна на релевантни м

Пронајдете не на следниве мрежи: