Македонија ја пречекува силната Шпанија во квалификациите за СП

Третиот ден од квалификациите за Светското фудбалско првенство во Русија 2018 година, носи нови девет натпревари во европската зона.Секако, за нашата јавност најинтересен ќе биде дуелот на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, каде од 20:45 часот репрезентацијата на Македонија ќе биде домаќин на силната Шпанија.
Ова ќе биде седми меѓусебен дуел на овие две селекции, во кој македонските фудбалери ќе се обидат за прв пат да извлечат позитивен резултат, откако изминатите шест Шпанците ги решија во своја полза. Последниот беше во актуелните квалификации кога октомври минатата година во Гранада загубивме со 4-0.
Средбата Македонија – Шпанија се игра во рамките од Г групата во која вечерва се среќаваат и Италија – Лихтенштајн и Израел – Албанија (сите од 20:45 часот)
Табела: Шпанија 13 бодови, Италија 13, Израел 9, Албанија 6, Македонија 3 и Лихтенштајн 0.
Во останатите денешни натпревари од Мундијалските квалификации ќе играат:
Група Д: Молдавија – Грузија, Р. Ирска – Австрија (од 18 часот) и Србија – Велс (од 20:45 часот).
Табела: Србија 11 бодови, Р. Ирска 11, Велс 7, Австрија 7, Грузија 2 и Молдавија 1.
Група И: Финска – Украина (од 18 часот), Косово – Турција и Исланд – Хрватска (од 20:45 часот)
Табела: Хрватска 13 бодови, Исланд 10, Украина 8, Турција 8, Финска 1 и Косово 1.
 Секако, за нашата јавност најинтересен ќе биде дуелот на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, каде од 20:45 часот репрезентација

Пронајдете не на следниве мрежи: