Македонија: Муслиманите избирале православен кум!

Селото Џепишта етнографски му припаѓа на пределот Голо Брдо. Тоа се наоѓа на источниот дел од овој предел и заедно со Дренок и Отишани се единствените три села од овој предел што се наоѓаат на територијата на Република Македонија. Сместено е во една планинска долина во подножјето на Јабланица…Меѓу жителите на селото Џепишта од двете конфесии постоеле многу добри соселански и соседски односи. Со цел да се продлабочат и зацврстат меѓусебните врски, постоела традиција да се склучуваат побратимства/посестримства и кумства. Тоа се случувало уште од најрана – школска возраст. Тогаш идните побратими/посестрими, откако ќе се договореле, земале остар предмет (игла, нож или трн) и се боцнувале во еден прст од раката за да им потече крв. Се напивале од крвта и со тоа чинот бил завршен, а тие се поврзани сè до смртта. Заедно се веселеле, помагале, се посетувале во текот на целиот живот.

Жителите се поврзувале и со кумства меѓу православните и муслиманите. По правило, муслиманите избирале православен кум. Постоело верување, кое било многу проширено, дека ваквото кумство носи напредок во куќата, здравје, среќа, радост и благосостојба.
Кумот бил особено почитуван и ценет и секогаш добредојден…
 
Извор: ЛозаМеѓу жителите на селото Џепишта од двете конфесии постоеле многу добри соселански и соседски односи. Со цел да се продлабочат и зацврстат меѓусебни

Пронајдете не на следниве мрежи: