Македонија не е ваша па да си поигрувате со нејзината судбина и да ја ставата иднината на Македонците и идните поколенија пред свршен чин

Иако далеку од својата родна грутка, ние Македонците од Перт Западна Австралија го кренавме нашиот глас за заедничка Македонија. Го кренавме нашиот глас против сите неправди кои и ги нанесуваат домашните предавници на нашата татковина Македонија, се вели во писмото на Обединети Македонски Организации на Западна Австралија.Во писмото тие наведуваат дека бараат од политичките партии во Македонија да сносат одговорност за прифаќање на платформи создадени за туѓи интереси во туѓи држави, без изборен легитимитет чија цел е разнебитување на Македонија.

-Сите овие голготи кои ги поминува Македонскиот народ се само почеток на сите овие случувања. Денешните случувања најверојатно се завршница на сите нивни планови кои се под директна палка на разно разни странски служби кој и тоа како роварат низ Македонија а се помогнати од домашни предавници. Нивна цел е да се стави Македонија на колена и да се стави нож под грло и да прифати прекрстување, прекројување на нејзините граници и понижување, се вели во писмото.
Упатија и апел до претседателот на државата Ѓорге Иванов да не му доделува мандат за составување на Влада на аболицираниот Зоран Заев затоа што истиот тој би го продал и најмилото на највредното за да дојде на власт.
-Македонската заедница од Перт најостро го осудува ваквиот начин на Зоран Заев, омразата не е дел од природата, омразата е  производ на неговиот ум, нема место на политичката сцена за лидер кој јавно поддржува друга држава и пропаганда, разнебитување и поделба на Македонија, се вели во писмото,
Писмо со осуда испратија и од Македонската Заедница од Нов Јужен Велс. Во писмото тие прашуваат дали Зоран Заев има капка македонска крв.

-Во илјада наврати се откажавте од нас, не омаловаживте и навредивте но денес не ви се обраќаме за ова. Денес ви го пишуваме ова писмо за да ве потсетиме дека Македонија не е ваша па да си поигрувате со нејзината судбина и да ја ставата иднината на Македонците и на идните поколенија пред свршен чин. Македонија, господине Заев не е предмет за докусурвање на вашите матни сметки. Знаеме дека не ја сфаќате оваа порака бидејќи одамна ве понесе занесот на вашите болни амбиции, амбиции за кои сте спремни да го ставите под знак прашање она нашето најсвето, нашата татковина. Запрашајте се како ќе гледа на вас историјата, трагот и белегот кој го оставате на сите ваши идни поколенија, се вели во писмото.
Му порачуваат да се сети на сите мајки кои и денес ги оплакуваат своите чеда кои безпоштедно застанаа во одбрана на државата.
-Еден ден ќе се срамите од вашите постапки, ќе ви биде срам да се соочите со секој еден Македонец во светот бидејќи сте застанале на погрешна страна од болната македонска историја, се вели во писмото.
Сетете се, се заклучува во писмото, за тоа што кажува Библијата за велепредавството, за предавството на својата татковина. Сетете се каде одат овие грешни души.Во писмото тие наведуваат дека бараат од политичките партии во Македонија да сносат одговорност за прифаќање на платформи создадени за туѓи и

Пронајдете не на следниве мрежи: