Македонија со бод кој може да ја однесе во следната рунда!

Македонија вечерва изигра нерешено против Чешка 24:24 – резултат кој повеќе  ни одговара нам отколку на противникот.Овој бод  е вреден како победа, бидејќи доколку се поклопат очекувањата, односно доколку Данска ги совлада Чешка и Австрија тогаш само со овој еден бод може да се пласираме во следната рунда со оглед на тоа дека три селекции од групата ги продолжуваат натпреварите.
Во поголемиот дел од натпреварот Македонија имаше водство, а противникот бркаше израмнување. Неколкуте грешки во последните минути од вториот дел можеби ни ја украдоа победата, но според реакцијата на нашите ракометари по финишот на дуелот може да се каже дека и со бод треба да бидеме задоволни.
Кире Лазаров имаше одлична вечер и беше далеку најефикасен играч со 12 реализирани удари и заедно со седумте против Данска дојде до бројката 19 погодоци на два меча одиграни на ова ЕП.
Следниот меч Македонија ќе го игра во четврток во 18:15 часот против репрезентацијата на Австрија.Овој бод  е вреден како победа, бидејќи доколку се поклопат очекувањата, односно доколку Данска ги совлада Чешка и Австрија тогаш само со овој

Пронајдете не на следниве мрежи: