Македонката која откако ослабела 35 килограми го нашла својот принц во продавница за суплементи, стана хит на светските медиуми

Кристина Неделковска од Скопје тежела околу 90 килограми додека работела на брод за крстарење. Таа била решена да ја намали тежината и затоа ја сменила исхраната, вежбала редовно и консумирала суплементи.Откако изгубила 35 килограми, Кристина која живее во Њујорк, се вратила во Македонија и додека купувала витамини во продавница за суплементи се запознала со 27-годишниот Саше Трајановски и тие веднаш се зближиле, а планираат да останат заедно до крајот на животот. Ниваната приказна стана хит на светските медиуми откако беше објавена од Њујорк Пост и Дејли Мејл

23-годишната Кристина изјавила за Дејли Мејл: „ Јас само тргнав да си купам суплементи и овој убавец беше таму. Не го очекував тоа, тој беше како дар од Бога.“ Саше исто така изјавил дека не би ја поканил Кристина да излезат заедно доколку таа ја имала претходната тежина.
Кристина била слаба додека била средношколка, но нејзината тежина значително се зголемила 5 месеци откако добила работа на брод за крстарење во 2015 година, каде што храната за вработените била бесплатна. Секој ден на бродот, кој пловел околу Европа, Кристина консумирала индиска и кинеска храна, хамбургери и пици, и јадела десерт по секој оброк.

„Немав граници. На секој оброк јадев по неколку чинии храна и се здобив и здобив со многу килограми. Јадев како бремена жена, за двајца. Луѓето кои што ме служеа ме прашуваа, „Дали се тоа е за Вас?“. По некое време не можев да влезам во мојата униформа.“, вели Кристина која сега работи во салон за масажа во Монтаук, Њујорк.
Таа сфатила дека мора да ја намали тежината кога прв пат по долго време се сретнала со роднините.
„Сите во моето семејство се фит. Луѓето ми велеа: „О Боже што си направила со себе.“ Ја сакам храната но знаев дека нешто мора да се промени.“, вели Неделковска, за Daily Mail.
Кристина почнала да пие вода со лимон и мед секое утро, јадела 5 мали оброци на ден и одела во теретана. Новата самоуверена Кристина почнала да посетува и продавници за суплементи, но не се надевала дека таму ќе ја пронајде љубовта на нејзиниот живот.
„Постојано се подобрувам, но моментално сум каде што сакам да бидам. Среќна сум како изгледам и ја пронајдов љубовта. Чувствувам дека ова е судбина. Ако никогаш не ја изгубив тежината, никогаш немаше да одам во таа продавница и никогаш немаше да се сретнеме. Толку сум среќна што одлучив да ја направам промената“, вели Кристина.

Исто така и Саше не може да ја сокрие љубовта кон Кристина, тој изјавил: „Кога првпат ја запознав Кристина, таа беше толку убава и веднаш ја замолив да излеземе. Мислам дека не би ја прашал да излеземе доколку ја имаше старата тежина. Многу сум среќен затоа што ја запознав љубовта на мојот живот. Таа ме надополнува.
 
 Откако изгубила 35 килограми, Кристина која живее во Њујорк, се вратила во Македонија и додека купувала витамини во продавница за суплементи се зап

Пронајдете не на следниве мрежи: