Македонската дијаспора реагира: Заев се додворува на албанските гласачи со антимакедонска политика

По многубројните критики и силниот револт кој пристигна од граѓаните и експертите за изјавата на Заев во врска со двојазичноста на цела Македонија, со остра реакција се јавува и македонската дијаспора.Нашинците од повеќе делови на Австралија му порачуваат на Зоран Заев дека работи на штета на Република Македонија и дека со двојазичноста ја редефинира и уништува земјата.
-Лидерот на СДСМ не крие дека неговата антимакедонска политика има единствена цел, да се додвори на албанските гласачи, без разлика што оди на штета на македонските национални интереси…. Сакаме да ја изразиме нашатазагриженост и револтот околу ова прашање кое го наметнува заев и не се откажува од идејата да ја втурне Македонија во бездна, порачуваат Македонците од Квинбијан.
 
Македонската заедница од Перт е згорозена од тоа што, како што велат, Заев без срам најавува двојазичност во цела Македонија.
-За гласовите на Албанците тој е подготвен албанскиот јазик да стане официјален на територија на цела Македонија… Со тоа Заев го покажува очајот од наредните избори и е жив пример што прави алчноста за власт, пари и моќ…. Македонскиот народ видел многу страдање, многу предавства и војни, но никогаш не запаметил ваква омраза која доаѓа со појавата на Заев, порачуваат тие.Нашинците од повеќе делови на Австралија му порачуваат на Зоран Заев дека работи на штета на Република Македонија и дека со двојазичноста ја редефи

Пронајдете не на следниве мрежи: