недела, 29 ноември 2026
Најново

Македонската естрада со хуманитарен концерт

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Вечерва со почеток во 20 часот на градскиот плоштад во Охрид ќе се одржи голем хуманитарен концерт за настраданите во поплавите.Иницијатор на концертот е пејачката Елена Велевска која несебично ја поддржаа дел од колегите и со заеднички сили вечерва сакаат да соберат средства за настрадните во поплавите.
– Со овој концерт сакам да ги поттикнам и другите градови да организираат концерти и хуманитарни акции за да се соберат што повеќе донации. Веќе бев во Стајковци и ситуацијата е ужасна, сакам што побрзо луѓето да се излезат од тој пекол и да се вратат на своите нормални животи. Ве поканувам вечерва сите кои што сте во Охрид да дојдете на градскиот плоштад во 20 и заедно да донираме. Секоја помош е добредојдена – изјави Велевска.

На концертот ќе настапат: Наум Петрески, Зуица Лазова, Ристе Ристевски, Анастасија Петреска, Ѓоко Таневски, Петар Нечовски, Анета Наковска и многу други. Нивниот број постојано се зголемува.
Освен концертот, во Охрид може да се донираат најпотребните средства секојдневно од 10 до 18 на пунктот кој е поставен на градскиот плоштад веднаш спроти кафулињата.Иницијатор на концертот е пејачката Елена Велевска која несебично ја поддржаа дел од колегите и со заеднички сили вечерва сакаат да соберат средств

Поврзани вести