Македонски LAN турнир во DotA 2!

Дали сте спремни за еден од најголемите DotA 2 турнири во Македонија? Најдобрите македонски тимови на едно место, но само еден ќе биде прогласен како најдобар…Со огромно задоволство, ви објавуваме дека Dota 2 Macedonia Community во соработка со Click-Click.mk ќе организира LAN турнир во објектот на Инсомнија во Лептокарија. Пријавувањето започнува на 4 октомври, и ќе трае две недели. Сите тимови задолжително ќе треба да ја пополнат online пријавата која ќе им биде дадена, и откако ќе биде утврден отприлика одредениот број на тимови кои би сакале да учествуваат на турнирот, ќе треба да ја финансираат нивната пријава една недела или 4-5 дена пред почетокот на турнирот, поточно треба да дадат items на ID gayladin, и да уплатат 1000 денари на лице место во Инсомнија.
Претходниот турнир беше вистински хит, каде што 32 тима се бореа за приматот „најдобар DotA 2 тим во Македонија“. Како победник излезе тимот на GC, со добро подготвените стратегии и одличната тимска работа!
Дозволено е да пријавите тим од 5+1 играчи (не е задолжителна замена). За да се пријавите, потребно е да вложите од човек 1 rare, 200 денари, што значи х5 од наведените по тим. По пријавата, капитенот има должност да го додаде Steam ID:  и да ги префрли пријавените предмети.

 

Линк до пријавата!
Во случајот да не се појави тимот, спротивниот тим ја добива победата.Повеќе детали околу турнирот како ден на одржување на турнирот, распоред и награден фонд ќе бидат објавени откако ќе го имаме отприлика бројот на тимови кои би учествувале.
Дали мислите дека вие и вашиот тим сте најдобрите во нашата земја? Ова е уникатна можност да се покажете!
 
Турнирот ќе има официјални коментатори и се очекува вистинско шоу и нешто досега невидено во македонската гејминг сцена. Време е да се покажете во правото светло. Време е за DotA 2!
Пријавувањето е на следниот линк!
 Со огромно задоволство, ви објавуваме дека Dota 2 Macedonia Community во соработка со Click-Click.mk ќе организира LAN

Пронајдете не на следниве мрежи: