Македонски пејач фатен без карта во автобус…

Александар Тарабунов Тара денеска преживеал вистинска трагикомична драма. Имено, пејачот решил да се качи во градски автобус после подолго време, но возењето за брзо време се претворило во непријатно и малку засрамувачко искуство.Причина- контролорите го фатиле без карта! Сепак, виновен за тоа не бил пејачот, туку возачот на автобусот кој не му дозволил да си купи карта и сакал да го почести со бесплатно возење затоа што многу убаво пее.
-Нема полошо, после 100 години се качив во автобус да идам на проба за вечерашниот концерт, влегувам и прашувам дали овој автобус оди до таму кај што треба да стигнам и возачот ми вели- влези. Јас, извинете колку треба, возачот-седи за добри пејачи не треба карта. Седам се возам, влага контрола, ми вика дечко карта, ме гледа нервозно, јас им викам шоферот ме честеше, како бе шоферот те честеше, така оди прашај го, се договорија со колегата и решија да го казнат шоферот на двокатната седмица”, стои во статусот на Тара преку кој го опишал ова непријатно и збунувачко искуство
Извор: Вечер Причина- контролорите го фатиле без карта! Сепак, виновен за тоа не бил пејачот, туку возачот на автобусот кој не му дозволил да си купи карта и са

Пронајдете не на следниве мрежи: