Македонски студенти победници на EBEC регионалниот инженерски натпревар

Единствениот македонски тим кој учествуваше на овој  натпревар под името  „Камикази“ кој од 26-ти до 30-ти април на Техничкиот универзитет во бугарската престолнина Софија учествуваше на регионалниот инженерски натпревар – ЕВЕС Balkan, организиран од страна на БЕСТ – Борд на европски студенти по технологија е победник во  категоријата Case Study .Мартин Тимов, Ташо Ќосев, Александар Тасески и Александар Спасески се младите инженери кои се пласираа во финалето на БЕСТ инженерскиот натпревар, така докажувајќи го  квалитетот на високото образование во Македонија. Студенти се на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје,  а веќе на 19-годишна возраст го освоија првото место на локалниот и регионалниот инженерски натпревар организиран од БЕСТ.Натпреварувајќи се во а категоријата  Case Study, тие имаа задача да изработат студија за уред за спасување при природни катастрофи и за оваа задача се истакнаа со најиновативното и најуникатно решение од сите тимови.Досега се натпреваруваа со студенти од целиот Балкан и со својата победа стигнаа до врвот на пирамидата составена од БЕСТ инженерски натпревари, а тоа е финалето кое ќе се одржи во Варшава, во периодот меѓу 1-ви и 9-ти август годинава.Тимот „Камикази” е еден од 30-те тима кој ќе учествува во процесот на пронаоѓање нови идеи и решенија на проблеми зададени од  компаниите поддржувачи на настанот и ќе се бори за првото место на натпреварот.
МакфаксЕдинствениот македонски тим кој учествуваше на овој  натпревар под името  „Камикази“ кој о

Пронајдете не на следниве мрежи: