четврток, 26 ноември 2026
Најново

Македонскиот извоз во Германија значи работни места во Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Македонскиот извоз во Германија значи работни места во Македонија, а оваа земја ни е прв трговски пат на нашата држава, вели вели за ТВ Нова пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев.-Имаме зголемување на извозот за шест пати, тоа не е мала работа. Тоа се нови вработувања, нема регион во Македонија во кој нема германска фабрика. Тоа се фабрики кои и понатаму ќе имаат потреби од вработувања. Работиме во насока на привлекување на што поголем број на германски инвестиции, но важно е да се излезе од оваа политичка криза, вели Ѓорчев.
Во однос на посетата на делегација на ВМРО-ДПМНЕ во Берлин, тој вели дека станува збор за редовна меѓународна активност на партијата која со децении има континуирана соработка со Германија.
-Ние имаме постојана соработка со германските политичари, економисти и фондациите. Тие имаат отворена врата за Македонија. Упативме една порака за добра соработка. Германија е една од земјите кои постојано се залагаат за проширување на НАТО и ЕУ, во тој дел поддршката за Македонија е контиунирана, вели Ѓорчев.-Имаме зголемување на извозот за шест пати, тоа не е мала работа. Тоа се нови вработувања, нема регион во Македонија во кој нема германска фабрика.

Поврзани вести