Македонскиот рудник „Алшар“ крие мистериозни богатства?

Македонскиот рудник „Алшар“ кој се наоѓа на планината Кожув, крие богатство важно за природата и човештвото, велат геолозите. 
Некогаш Турците ископувале злато, скапоцености како талиум и лорандит. Според проценките еден килограм талиум на светските берзи вреди повеќе од 5.000 евра, што значи дека во овој македонски рудник постојат резерви од талиум вредни околу 1.5 милијарди евра. За овој рудник биле заинтересирани многу светски научници, како и ескперти на НАСА. 
Иако Македонија изобилува со вакво богатство, до денеска тоа воопшто не е искористено. Досега само една влада издвоила повеќе од 150.000 евра за истражување на богатството кое се крие во овој рудник. Тоа била владата на Анте Марковиќ, но сепак тие средства не биле доволни за целосно да се истражи и дознае што крие рудникот „Алшар“. 
Минералот лорандит, кој го има во рудникот „Алшар“, отсекогаш ги интересирал светските научни кругови затоа што е утврдено дека го има единствено во Македонија и можеби уште во Шри Ланка. Овој минерал инаку е природен детектор на неутрино, честичка што од Сонцето до Земјата патува за 8 секунди, а само лорандитот ги препознава реакциите што доаѓаат директно од јадрото.
Досегашните испитувања потврдиле дека овој минерал во одредени ситуации испушта огромно количество енергија, која во иднина може да биде соодветна замена за нуклеарна енергија.
Според професор Симеон Јанчев од Технолошкиот факултет во Скопје, во толку чиста форма лорандитот го има само во Македонија.
„Функцијата на овој минерал е само за научната јавност. Од рудникот „Алшар“,моментно не може да се извлече затоа што едното окно што функционираше сега е затрупано. Го нема на површината на земјата и затоа моментно не може да се истражува“ – вели Јанчев.
Во 80-тите години на минатиот век се спроведувал посебен проект, наречен „Лорандит лорекс“, кој го финансирале повеќе европски земји. Меѓутоа, со почетокот на војните на Балканот проектот бил прекинат. Со лорандит се поврзани и легенди за Александар Македонски. Наводно, тој прв ја открил неговата моќ, па неговата фаланга ги премачкувала своите штитови со овој минерал.
Во битките што тој ги водел секогаш точно напладне и со движење на војската од запад кон исток, се јавувал силен одблесок од штитовите кој ја заслепувал противничката војска. Според тоа, некои сметаат дека тоа било тајната на воените успеси на Александар.
Легендата не е научно потврдена, но се знае дека рудникот „Алшар“ бил активен и во антиката. Пред стотина години рудата од „Алшар“ се испитувала во елитните универзитети во Прага, Будимпешта и во Виена, и биле пронајдени дотогаш непознати минерали. Првпат во Македонија официјално е извлечен лорандит во 1976-тата година од американски истражувачи, иако дотогаш сето црпење руда од „Алшар“ било противзаконско.
Покрај овие богатства што се кријат во внатрешноста на овој македонски рудник на планината Кужув,околу рудникот „Алшар“ расте и уникатна темјанушка, позната како „виола алшарика“, која ја има само на овие простори и никаде на друго место во светот.Околу рудникот се наоѓаат специфични жолти карпи во чиишто отвори се среќават најразлични животинки слични на човековата рипка што ја има во длабоките пештери. 

Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Македонскиот рудник „Алшар“ кој се наоѓа на планината Кожув, крие богатство важно за природата и човештвото, велат геолозите. 

Пронајдете не на следниве мрежи: