Македонските иселеници први на потег за зачувување на државата

На полноќ завршува дваесетдневната изборна кампања и почнува молкот пред неделните предвремени парламентарни избори во Република Македонија.Во сабота, ден пред изборите, ќе гласа дијаспората, пријавените болни и изнемоштени лица, затворениците и лицата во притвор.  Избирачките места се отвораат во 7:00 часот, а гласањето завршува во 19:00 часот. Во дијаспората тоа ќе се спроведува по локално време.
На изборите учествуваат 11 политички субјекти: шест политички партии и пет коалиции со 58 листи со 1092 кандидати.
Пријавени за гласање во странство се 20.573 граѓани, додека  на посебниот Избирачки список се запишани 230.122 лица кои согласно евиденцијата на надлежен орган се смета дека се на привремена работа во странство.
Своето право на глас во странство државјаните на Република Македонија ќе можат да го остварат во 41 дипломатско-конзуларно претставништво и конзуларни канцеларии. Најмногу пријавени за гласање има во Берн 4.256, во Венеција, 2724, во Детроит 1.170, Њујорк 1.168, Мелбурн 1112… За овие избори за гласањето во Берн отворени се три дополнителни избирачки места, додека во Венеција две.
Најмалку пријавени има Мадрид – 10, во Пекинг 13 и во Варшава 14 гласачи.
ОМД: Изборите клучни за идните генерации на Македонија
Обединетата Македонска Дијаспора, (ОМД), ги повикува сите граѓани на Република Македонија со право на глас, со живеалиште во и надвор од татковината, да излезат и да гласаат на изборите овој викенд на 10 и 11 декември, 2016 година.Од ОМД посочуваат дека идната Влада ќе мора да се посвети на враќање на позитивната слика на Македонија во светот, како лидер во Балканот во сите полиња, идна членка на НАТО и ЕУ. Сметаат дека исклучително важно е членството во НАТО, со кое, стравот за можна федерализација на Македонија ќе згаснe.
Ги повикува граѓаните да излезат да гласаат за демократска, суверена, слободна, просперитетна и стабилна Македонија.Во сабота, ден пред изборите, ќе гласа дијаспората, пријавените болни и изнемоштени лица, затворениците и лицата во притвор.  Избирачките мест

Пронајдете не на следниве мрежи: