Во Домот за култура „Ацо Шопов“ во Штип вчеравечер заврши првата полуфинална вечер на фестивалот за забавни мелодии Макфест. Вчера видовме 15 изведувачи од кои само 9 продолжуваат во големото финале што ќе се одржи во сабота.По пат на телевоутинг, освен присутната публика, гледачите ги избраа следните финалисти: Јоце Панов, Дарко Илиевски, Маја Вукичевиќ, Мики Секуловски, Александар Белов, Викторија Лоба, Емил Арсов, Симона Попоска и Лена Заткоска.
Пејачите на сцената ги придружуваше ревискиот оркестар на Македонската Радио Телевизија, а додека траеше гласањето публиката присутна во Домот на културата во Штип и гледачите на МРТ ги забавуваше Драган Мијалковски со своите хитови.
Утре со почеток од 20:30 часот на првиот програмски канал на јавниот сервис ќе се пренесува втората полуфинална вечер, додека финалето ќе биде во истиот термин во сабота.По пат на телевоутинг, освен присутната публика, гледачите ги избраа следните финалисти: Јоце Панов, Дарко Илиевски, Маја Вукичевиќ, Мики Секуловск



