Манасков: Многу работи во нашата игра не функционираа како што требаше!

Многу работи во нашата игра не функционираа како што требаше!Унгарија лесно извојува победа над Македонија на денешниот натпревар. Со разлика од 6 гола тие ја победија македонската репрезентација.
Ракометарите денес покажаа слаба и неорганизирана игра. Дејан Манасков признава дека на денешниот натпревар многу работи не функционираа.
„Се надевавме дека денеска ќе одиграме на потребното ниво и одново ќе стигнеме до триумф, но за жал тоа не се случи. Многу работи во нашата игра не функционираа онака како што требаше, не влегувавме во доволно дуели. Одбраната не беше на своето вообичаено ниво, ги пуштивме Унгарците да се шетаат на шест метри и да постигнат премногу голови, а во една таква ситуација не може да се очекува триумф над ривал како денешниот. Можеби ни се собра и заморот, па не бевме во препознатливо светло, но факт е дека треба што побрзо да го заборавиме овој дуел и да се свртиме кон мечот со Исланд“,изјави Дејан Манасков.
Извор: ekipa.mkУнгарија лесно извојува победа над Македонија на денешниот натпревар. Со разлика од 6 гола тие ја победија македонската репрезентација.
Рак

Пронајдете не на следниве мрежи: