Манчестер Јунајтед испрати официјална понуда за Фабрегас

Англискиот фудбалски шампион испрати официјална понуда до Барселона за ангажман на Ческ Фабрегас.
Откако Манчестер Јунајтед не успеа да го доведе во своите редови Тиаго Алкантара, сега се сврте кон ангажман на Ческ Фабрегас.
Медиумите во Англија пренесуваат дека Манчестер Јунајтед испратил официјално понуда вредна 25 милиони фунти.
Фабрегас се чини дека наскоро ќе го напушти тимот на Барселона, моментално опција број еден се чини дека е Манчестер Јунајтед, со оглед на фактот дека овој тим веќе испрати понуда, понатаму, како опција број два се чини дека е тимот на Арсенал, каде Арсен Венгер е сериозно заинтересиран да го врати Фабрегас во тимот на Арсенал.
Инаку во договорот на Фабрегас, постои клаузула која вели дека Арсенал има право да попречи трансфер на Фабрегас доколку не се сложува по некои точки, па можно е Венгер да ја искористи новата ситуација околу Фабрегас.Англискиот фудбалски шампион испрати официјална понуда до Барселона за ангажман на Ческ Фабрегас.

Пронајдете не на следниве мрежи: