Манчестер Сити го продава Насри

Loading...

Англискиот премиерлигашки шампион, Манчестер Сити, е незадоволен од ангажманот на Самир Насри, па медиумите во Англија пренесуваат дека наскоро тој ќе биде продаден.
Манчини минатата недела го критикуваше Насри дека дава само 50% од она што го може и верува дека истиот играч не придонесува доволно за тимот.
Очигледно е дека челниците на Манчестер Сити веќе се подготвени да го продадат францускиот интернационалец, ни тој самиот е незадоволен со својот статус во тимот.
Неофицијалните информации говорат дека Самир Насри има желба да се врати во Лондон, но сосема извесно е дека Арсенал тешко може да си дозволи ваков трансфер.
Имено, за него добија 25 милиони фунти, сега Манчестер Сити бара 18 милиони фунти, поентата и целта е јасна, сакаат да заштедат на неговата плата која моментално изнесува приближно 200 000 евра неделно.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Англискиот премиерлигашки шампион, Манчестер Сити, е незадоволен од ангажманот на Самир Насри, па медиумите во Англија

loading...