Манчев: Во темелите на програмата „Реално“ се доброто образование и здравиот живот на младите

Програмата „Реално“ носи визија за една современа и изградена Република Македонија во чии темели се доброто образование и здравиот живот на младите.Ова на денешната прес конференција го истакна кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Ванковер Манчев.
– Програмата „Реално“ носи визија за една современа и изградена Република Македонија во чии темели се доброто образование и здравиот живот на младите. Оттука, институциите во регионот и во општина Струмица кои ги образуват младите, имаат потреба од постојано инвестирање и се во фокусот на нашето внимание.
ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со изградба на нови детски градинки со кои ќе ги зголемиме капацитетите за опфат на околу 18.000 деца. Планирано е да се изградат градинки со различни капацитети и тоа градинки со капацитет за 50 деца, градинки со капацитет од 120 деца и детски градинки со капацитет до 220 и 350 деца во зависност од проценките на средината и две детски градинки со вкупен капацитет за сместување на 500 до 570 деца.
Со цел понатамошно унапредување, подобрување и зачувување на здравјето и поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на детето до 6 години, планирано е понатамошно инвестирање во проширување на капацитетите во детски градинки, како на пример во Босилово и Василево. ВМРО-ДПМНЕ во нашиот регион и во општина Струмица ќе се зафати со инвестирање во образованието во делови кои ни се посочени од сограѓаните:
• реконструкција и инвестиции на одредени делови од основните училишта во Муртино, Вељуса, Просениково и во основното училиште „Сандо Масев“ во Струмица
• спортски сали ќе бидат изградени во основното училиште „Сандо Масев“ во Струмица, но и во училиштето „Никола Вапцаров“ и основното училиште во Муртино.
• во периодот од 2017 до 2020 година ќе изградиме две повеќенаменски игралишта и две двојни тениски терени.
• во истиот период во овој регион ќе изградиме четири кошаркарски игралишта, фитнес зона и олимписки ватерполо базен со димензии 33 на 25 метри.
Наведеното ќе биде само дел од општото залагање за образованието на младите, за нивниот здрав психички, физички и ментален развој, бидејќи визијата на ВМРО-ДПМНЕ за македонија се темели на добро образовани и еманципирани граѓани спремни за интеграција во современо општество.
-Како млад човек и како иден лекар специјалист во областа на здравјето на децата и младите, се обраќам на сите млади родители, на студентите и на сета прогресивна младина: „Знаеме што е подобро и како да одиме напред, во овие денови, нашето единство и заложбата за реализација на програмата реално се најголемиот предизвик за нашата генерација“ – заклучи Манчев на прес конференцијата.
Ова на денешната прес конференција го истакна кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Ванковер Манчев.
– Програмата „Реално“ носи

Пронајдете не на следниве мрежи: