Тес Холидеј (29), првиот плус сајз модел, која како член на агенцијата „MiLK Model Managemant“ најави ново доба во светската мода, продолжува со успешната кариера.Оваа манекенка успеала да се избори за насловната страна на италијанскиот Вог, соработувала со дизајнери и денес не најкрупната манекенка на модната сцена.
„Чувствувам дека го пробивам границите, ова е нешто големо. Никогаш не можев да замислам дека ќе бидам овде“, рекла таа.
Преставници на агенцијата истакнале дека Тес Холидеј е вистински пример за жените и дека е манекенка со најмногу фанови на инстаграм помеѓу сите модели од нивната агенција.
„Се надевам дека овие фотографии ќе допринесат за тоа сите да сфатат дека е ок да бидат свои и дека тоа е можно и во крупно тело“, рекла Тес на својот инстаграм профил на кој има 308.000 фанови.
На Фејсбук Тес Холидеј има околу 624.000 фанови, а експертите за мода тврдат дека оваа девојка управува со чекорот која ја движи модата, им покажува на сите дека женскта убавина доаѓа во сите величини и ги учи моделите дека е важно да умеат да позираат и да се носат со своите пропорци.
Тес израснала во Мисисипи, во детството доживувала понижувања поради дебелината. Тоа не ја сперчило да го оствари својот сон, одсекогаш сакала да биде манекенка, како тинејџерка се пријавила на конкурс во Аталанта. Мајка и цело време ја поддржувала, додека пријателите и останатите мислеле дека е „луда“.
Првиот поголем успех го доживеала во 2011 година кога учествувала во едно телевизиско шоу. На негативните коментарио не им обраќа внимание, вели дека води сметка за своето здравје и дека тренира редовно. Тес е мажена и мајка на едно дете.Оваа манекенка успеала да се избори за насловната страна на италијанскиот Вог, соработувала со дизајнери и денес не најкрупната манекенка на моднат



