Откако раскина со манекенката Ирина Шајк, готово да не поминува седмица, а да не се доведува Кристијано Роналдо во врска со некоја убавица.Последна во низата е Мароканката Амал Сабер, моделка која живее на Мајорка, а која го запознала фудбалерот на Реал во еден елитен мадриски ресторан.
Сабер за медиумите го раскажала дружењето со Роналдо по забавата во споменатиот ресторан.
Тоа била авантура за една вечер.
„Ми предложи да одиме кај него. Бевме во џакузи, а потоа се преселивме во кревет. Покрај креветот сѐ уште чуваше слика од Ирина. Пиевме шампањско и јадевме диња, а потоа бевме заедно до пет наутро. Бев малку пијана, но на сѐ се сеќавам. Таа вечер беше посебна, но само тогаш и никогаш повеќе. Веднаш потоа ме блокираше на телефон“ – раскажала Мароканката.
Последна во низата е Мароканката Амал Сабер, моделка која живее на Мајорка, а која го запознала фудбалерот на Реал во еден елитен мадриски ресторан



