Маневски: СЈО е инструмент во рацете на Заев со кој тој се пресметува со неистомислениците

Поранешниот министер за правда Михајло Маневски во гостувањето во телевизија Алфа, кажа дека најавата дека СЈО во наредниве денови, до завршувањето на мандатот ќе поднеселе 15-тина обвиненија го сфаќа како исклучително голема закана од нивна страна кон функционерите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој за нив вели и дека тие се инструмент во рацете на Зоран Заев.-Мислам дека тоа е една исклучително голема закана, која што се наговестува на неколку пати, го слушаме тоа, ќе поднеле 15-тина обвиненија, против 120 лица. Мислам дека ако досега поднесоа три обвиненија, за некаде околу 2 години постоење, значи сега се наговестува дека ќе поднесат околу 15-16 обвиненија. Тоа ќе биде со недоволно истражени состојби, обвиненија без докази, само колку да се бламираат одредени личности, затоа што ова е СЈО, не е за гонење на овие дела од прислушкуваните разговори, туку ова е за гонење на функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Значи тоа е чисто политички орган, политички инструмент во рацете на Зоран Заев, кој што сака на тој начин да се пресметува со неистомислениците и кој што сака на одреден начин да се свети за одредени состојби, кои што не наоѓаат никаква поткрепа во никакви материјални докази, да може да се покренуваат толку постапки, вели Маневски.
Тој прашува и како е можно на толку многу телефонски разговори да нема ниту едно обвинение за некој кој не е дел од ВМРО-ДПМНЕ.
-Како не се најде ниту еден случај од толку многу телефонски разговори, да се покренеше барем една кривична постапка против член, раководител или било кој функционер од СДСМ, против кое било лице од ДУИ. Ова обвинителство се занимава само со функционери од ВМРО-ДПМНЕ и со негови членови, значи целта му е да ја сруши оваа партија, за да може Зоран Заев да биде неприкосновен господар и на судство и на обвинителство, тој да биде господар и на извршната власт, додава поранешниот министер за правда.-Мислам дека тоа е една исклучително голема закана, која што се наговестува на неколку пати, го слушаме тоа, ќе поднеле 15-тина обвиненија, против

Пронајдете не на следниве мрежи: