Мапа: Проколнатото турско злато закопано во Македонија

Tрагачи по закопано Богаство последните години буквално ја разоруваат Македонија. Опремени се со метал детектори имаат мапи, знаат каде копаат и што бараат.Tрагачи по закопано Богаство последните години буквално ја разоруваат Македонија. Опремени се со метал детектори имаат мапи, знаат каде копаат и што бараат.
Приказните велат дека некогаш и наоѓаат огромни количини закопано богатство – но нормално за ова се молчи, никој не кажал. Јавна тајна е дека огромни количини на артефакти, стари монети и што ли уште не нелегално се изнесуваат од земјава и препродаваат на светскиот црн пазар. Колекционерите не прашуваат за цена, а тоа и те како им оди во прилог на дивите копачи.
Една од интересните легенди е онаа која ја пренесува Нова Македонија – велат дека биле скриени два тона злато во прачки, сопственост на Отоманската банка во Битола. Наводно златото било закопано покрај Расимбеговиот мост на Црна Река во Мариово.
Кај Горно Село, пред пет години, дивите копачи барале артефакти со багери, а некои од нив биле поврзани и во случајот “Фаланга“. Диви копачи најверојатно се виновни и за исчезнувањето на главата од мермерната скулптура што пред седум години беше ископана на локалитетот Стибера. Скулптурата остана обезглавена.
Легендата што со години се прераскажувала говорела дека кај овој мост во Мариово биле закопани неколку тони злато.
За новинската агенција Дојче Веле, еден од најискусните македонски трагачи на злато, 58-годишниот Борис Димовски од Битола, открива дека во Македонија се кријат многу закопани богатства, многу злато, алтани, накит, но не со тони, туку во грниња, скриени на тешко достапни места.
Димовски раскажува дека до скоро на многу куќи во македонски села, на самите тавани имало исцртано карти како да се стигне до закопаното богатство. Од Турција и Бугарија се носеле и мапи, рачно нацртани, кои упатувале до местата.
Местата под кои се крие ковчежето или грнето со злато биле обележувани со точки или крст, најчесто во близина на некое старо дрво или чешма.
Легендите велат дека во источна Македонија се наоѓа злато што го закопале Турците додека бегале по Првата Светска војна, битолскиот регион е полн со закопано еврејско злато, додека пак во југозападните краишта на земјава се крие римско злато.
Некои сметаат дека на територија на Македонија има закопано повеќе од 220 тони злато.
Турското злато во Македонија е проколнато!
Се раскажува дека скриеното злато е проколнато и дека ако не го откопа личноста која таму го сокрила, ќе се исполни клетвата.

Еве што се вели по македонските форуми на оваа тема
– сите места се проколнати мислам проколнат ќе биде тој што ќе го земе златото.единствено ако ти се сони,тогаш имаш право на него според мое мислење.а незнам точно има едно село прилепско,секој знаел дека под прагот на една црква имало злато,но никој не се осмелувал да го чепне – викаат машка глава да оставиш за да го земеш.има златна руда во мкд,ете прибилци демирхисарко ќе го спомнам таму бил мудурот,златото данокот на луѓето се собирал кај него.
Старите раскажуваат дека за да се откопа скриеното злато, потребно е местото да се посипе со брашно или пепел и да се остави така една ноќ.
Друга верзија од приказната е дека луѓето кои зеле од проколнатото злато или умирале или пак им умирале децата. Некои го изгубиле паметот. Иако сеуште не е потврдено, многу трагачи од Македонија, а и пошироко се заинтересирани за ова проколнато турско злато кое лежи на територијата на Македонија.
– Сега што имам слушано од постари луѓе е дека токму во реонот на штипско има најмногу закопано злато,од турците кога се повлекувале…И сам имам видено неколку мапи,за тоа дека има закопувано злато (една од мапите изгледаше како да е со крв цртана) и онака со другарот од чиста љубопитност решивме еден ден да отидеме до тоа место…Прво би сакал да кажам дека за брашно не сум чул да се фрла,туку пепел…И каква стапка ќе се појавела таков курбан и се оставал…Пепелта се фрлала токму врз местото каде што треба да се копа и се доаѓа утредента…

Се додека не се даде курбанот не смее да се копа,бидејќи големо зло ќе го снајде тој што ќе го земел…А сум и слушнал голем број на приказни каде што цели семејства наводно ќе ги снемало еден по еден или деца ќе им умираат,ќе скренат од ум…Колку е вистина ова не знам…Рекла казала муабети,додека сам не се уверам не верувам…Сега да се вратам на муабетот…
И така едно убаво утро со другарчево тргнавме кон Благова река,кон водопадите…Местото го добро знаевме бидејќи таму на тие водопади сме оделе безброј патишта на излети…Колбасите и пивото у ранците…Мапата ни кажуваше дека треба да одиме малку над водопадите…
На околу 250-300 метри по ридот нагоре имаше една чистинка каде имаше само едно дрво и азното требаше да биде по дрвото…Околу дрвото имаше прекопано ров со ширина од 1 метар и толку длабок и на еден дел се познаваше како дека имаше извадено 3 големи садови (најверојатно ќупови) и уште имаше траги од пепел околу дрвото…
И земјата не беше уште засушена ептен што значи дека тоа било извадено скору…Исто имам некој сознанија дека во околината на селото Пенуш има закопано поголеми количини на злато,ама имам слушано дека многу луѓе кои пробале да копаат таму настрадале…Е сега колку е вистина не знам…
 Повеќе на: МКnewsTрагачи по закопано Богаство последните години буквално ја разоруваат Македонија. Опремени се со метал детектори имаат мапи, знаат каде копаат и шт

Пронајдете не на следниве мрежи: