Мапата на Гугл вешто крие 7 места. Меѓу нив е добро затскриена и една земја!

На мапата на Гугл има неколку локации во светот што не е можно да се видат под никакви услови, бидејќи се замаглени, затемнети или претставуваат темни дамки.Меѓу овие тајни места што не можат да се видат се воздушната база Волкел, Агенцијата за државна безбедност на Тајван, базата на НАТО во германскиот град Галенкирхен, речиси целата територија на Израел и границата меѓу САД и Мексико, објави Бизнис инсајдер.
Воздушната база Волкел се наоѓа на половина пат меѓу холандските градови Ајднховен и Нијемеген, а судејќи според документите што ги објави Викиликс, американската војска наводно таму има сместено 22 нуклеарни проектили останати од периодот на Студената војна.
Во близина на шпанскиот брег од Медитеранот на мапата на Гугл се наоѓа парче црнило, а се претпоставува дека таму сѐ уште се наоѓа американски радарски систем за надгледување на тој дел од Средоземјето.
Едно од местата што не е можно да се видат на мапата на Гугл е и ридот над тајванскиот главен град Тајпеј, каде е сместена нивната разузнавачка агенција (National Security Bureau). Нивното огромно седиште има само еден патен приод и толку е таен што не е можно да се види на сателитските снимки.
Што се однесува до Израел, некои снимки е можно да се видат од воздух, но не е можно да се зголемат, а сите згради се заматени. Се чини дека тоа е намерно направено затоа што е слична ситуацијата со сите делови на Израел.
На самата граница меѓу Германија и Франција, во близина на Келн, се наоѓа гратчето Галенкирхен, а најинтересно за него е тоа што на само неколку километри од него е сместена воздушна база на НАТО, што во добар дел е заматена.
И недалеку од шпанскиот град Картагена темната дамка на мапата на Гугл нешто крие.
Најпосле, границата меѓу САД и Мексико во голем дел ја чини реката Рио Гранде. Меѓутоа, еден дел од реката е заматен и тоа во округот Худспет, во Тексас. И дваесетина километри од границата во близина на Сиудад Хуарез се заматени, а се верува дека е тоа направено за да се отежне шверцувањето луѓе и наркотици преку границата.Меѓу овие тајни места што не можат да се видат се воздушната база Волкел, Агенцијата за државна безбедност на Тајван, базата на НАТО во германскиот

Пронајдете не на следниве мрежи: