Поранешната девојка на аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона, 22-годишната Росио Олива е обвинета дека го ограбила нејзиното поранешно момче, поради што издаден е налог за нејзино приведување во Дубаи.Олива наводно од Марадона украла неколку часовници и дијамантски обетки.
Марадона минатиот месец отпатува во Дубаи поради работни обврски, и таму ја поднел тужбата против неговата поранешна девојка.
„Обвинителството издаде налог за апсење на осомничената на 9 јули“, изјави обвинителот за „Галф њуз“ и додаде дека обвинителството ќе комуницира со Интерпол за да се издаде наредба за меѓународна потерница по поранешната девојка на Марадона.
Олива се вратила во Аргентина и изјави дека сите обвиненија против неа се лажни. Таа го тужеше Марадона за физичко насилство, а тие двајца минатиот месец во Рио де Жанеиро неуспешно се обиделе да ги надминат несогласувањата.Олива наводно од Марадона украла неколку часовници и дијамантски обетки.
Марадона минатиот месец отпатува во Дубаи поради работни обврски,



