Мари Кондо е меѓу 100. НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛУЃЕ на планетата: „Средете го плакарот и ќе го средите животот“

Јапонците се познати по својата организираност, редот и чистотата. Мари Кондо, гуру за чистење од Токио, ви донесува совети како да го средите животот, почнувајќи од расчистување на гардероберот.Мари Кондо е авторка на прирачниците „The life changing magic of tidying up“ и „Spark joy“, кои за кратко време достигнаа милионски тираж. Во книгите објаснува како да се ослободите од масовното собирање гардероба и домашни украси и ситници, но и како да го организирате тоа што сакате да го задржите.
„Уште кога имав пет години се заинтересирав за средување. Дури и дипломскиот труд на факултет ми беше на таа тема. Веќе на 19 години почнав да се занимавам како консултант“ – вели Мари.
Во своите книги, Мари ги охрабрува читателите да ја стават целата гардероба на куп, добро да го прегледаат секое парче облека одделно и да го задржат само она што кај нив предизвикува чувство на радост. Но, ниту фрлањето не оди набрзина!
Како битен елемент, Мари го наведува искажувањето благодарност кон работите што ги отфрлувате поради тоа што извесен период добро ве служеле.
„Сѐ е во пронаоѓањето рамнотежа помеѓу вас и вашите работи“ – порачува Мари во дел од нејзините методи за средување.
Се чини дека чистењето на домот стана нов начин да го прочистите и своето тело.
Некои од практичните совето на оваа Јапонка можете да ги погледнете во приложеното видео.Мари Кондо е авторка на прирачниците „The life changing magic of tidying up“ и „Spark joy“, кои за кратко време достигнаа м

Пронајдете не на следниве мрежи: