Марија Шарапова се отвори за својата врска со Саша Вујачиќ

Познатата руска тенисерка, Марија Шарапова во својата автобиографија се отвори за својата љубовна врска со словенскиот кошаркар Саша Вујачиќ.Според нејзините изјави, тенисерката до својата 22 – ра година не била во сериозна врска. Вели дека Вујачиќ го запознала во 2009 година на забава организирана од нејзината пријателка која го поканила и Вујачиќ со намера да се запознаат Марија, пишува порталот Руска Реч. 
“Тој пристигна за време на вечерата. Неговата коса беше уште мокра. Носеше тренерки, а на двете колена имаше облоги со мраз. Се разбиравме добро, па брзо се зближивме, а јас сметав дека таква хемија може да се случи само меѓу двајца спортисти. Тој живееше во Лос Анџелес, беше професионален спортист, висок, со источноевропски менталитет. На почетокот се беше прекрасно”, пишува Шарапова.
Меѓутоа проблемите почнале да се појавуваат на почетокот на нивната врска. На пример, кога биле заедно во Лос Анџелес, Вујачиќ инсистирал времето да го поминуваат во неговиот дом, иако куќата на Шарапова се наоѓаше на истата улица која била поголема и поудобна.
“Неговата постапка беше карактеристична како и за секое машко или како за секое источноевропско машко. Тој сакаше да биде главен, да биде центар на внимание и да држи се под контрола. Не сакаше да прифати дека заработувам повеќе од него и дека мојата куќа е поголема. Никогаш не разговаравме за тоа и не признаваше дека јас сум повеќе влијателна во тенискиот свет отколку што е тој во кошаркарскиот свет. ”

После една година од нивната врска, Шарапова и Вујичиќ се вериле. Меѓутоа, според изјавата на Марија, вели дека не постоела конкретна причина за венчавка, бидејќи таа не била спремна за брак. Тоа беше како еден вид на гест за искажување љубов на словенски или источнословенски начин.
Проблемите се повеќе се појавувале поради богатството и славата на Марија Шарапова, за кој Вујачиќ ѝ бил многу љубоморен. Причината за развод беше говорот на руската тенисерка за време на церемонијата за доделување на трофејот на Роланд Гарос во 2012 година, во кој таа пропуштила да му се заблагодари на својот сопруг.
 
 Според нејзините изјави, тенисерката до својата 22 – ра година не била во сериозна врска. Вели дека Вујачиќ го запознала во 2009 година на за

Пронајдете не на следниве мрежи: