Уметничката, која соработувала со раперот Џеј Зи за неговиот видео спот за песната „Picasso Babi“ (2013), рекла дека тоа искуство било „сурово“ и нешто што никогаш не би сакала да се повтори.Пред скоро две години, Џеј Зи снимил спот инспириран од поставките на Марина Абрамовиќ „Уметникот е присутен“ во музејот МоМа во Њујорк 2010 година.
Марина се појавува во спотот, а за тоа добила ветување дека Џеј Зи ќе уплати донација за нејзиниот уметнички институт, а вели дека е изневерена.
Во интервјуто за магазинот „Spike“, познатата уметничка вели дека соработката всушност била едносмерна трансакција.
„Ден прд снимањето, дојде до мојата канцеларија и тогаш му дадов цела презентација во „power point“ и му кажав дека може да ми помогне во изградбата на институтот. Тогаш тој ме искористи, а тоа не е фер. Бесна сум, бидејќи му дозволив да ја искористи мојата работа под услов да ми помогне за институтот, но тој тоа не го стори“, изјавила Абрамовиќ.
„Ова многу се разликува од Лејди Гага, на пример, која направи голема работа за мене. Само затоа што има 45 милиони следбеници, таа ги доведе сите тие млади луѓе и деца во мојата публика“, истакнала светски познатата уметничка.
Марина додала дека на сето ова гледа како на искуство од кое научила нешто.
„Никогаш повеќе нема да направам вакво нешто. Бев многу наивна во овој случај. Беше навистина нешто ново, и немав поим дека тоа ќе се случи. Тоа е толку сурово и неверојатно. Ќе се држам понастрана од тоа, сигурно“, заклучила Марина Абрамовиќ.
Пред скоро две години, Џеј Зи снимил спот инспириран од поставките на Марина Абрамовиќ „Уметникот е присутен“ во музејот МоМа во Њујорк



