„Марк Цукерберг е најголемиот диктатор на денешницата“

Се повеќе луѓе сметаат дека чудовиштето наречено Фејсбук ја одзеде контралата и презеде контрола над нашите виртуелни животи. Такво е мислењето на основачот на легендарниот сајт Pirate Bay, Петер Сунде.Без влакна на јазикот, Сунде ја критикуваше денешницата на интернетот.

-Се се сврти наопаку. Всушност, се што можеше да тргне наопаку – отиде. И веќе не е прашање што ќе се случи во иднина, зашто оваа војна веќе ја изгубивме. Сега се се сведува на контрола на штетата, изјави Петер.
-Сами одлучивме да ги цензурираме сите свои податоци и да ги дадеме во рацете на Марк Цукерберг, кој практично е најголемиот диктатор на денешницата, зашто тој е избран да одредува по кој пат ќе одиме сите. Интернетот е иницијално осмислен како децентрализиран простор, без потполна контрола, но сите ние всушност ја централизираме таа приказна која ја надмина и самиот интернет. Ние веќе не креираме, се е преселено во виртуелниот свет кој повторно е централизиран и под контрола на најголемите, истакна Сунде.
Кога вели за најгомите, тој мисли на Гугл, Епл, Мајкрософт, Фејсбук и Амазон кои во текот на последната деценија купила се што вреди во светот на технологијата и интернетот и практично ги вшмука потенцијално самостојните стартапи.
-Сите се возбудени кога се говори за автономните возила, но дали сте размислиле во чие сопствеништво се тие? Односно, кој има контрола кога информациите каде тие возила одат, каде смеат, а каде не смеат? Не, не сакам да се возам во такви автомобили, потенцира Сунде кој смета дека шансата за отворен интернет без контрола е одамна изгубена.
-Сега е касно за враќање, касно е за верба нешто да се промени. Единствена шанса е големите компании кои контролираат се бидат застанати од Европската унија и Соединетите Американски Држави и да им ја ограничат моќта. За жал, ниту ЕУ, ниту САД немаат никакви намери тоа да го направат, а вие сами заклучете зошто. Приказната потсетува на зависноста од цигари: знаеме дека е штетно, но сеедно не можеме да престанеме, заклучи Петер Сунде во разговор за The Next Web.Без влакна на јазикот, Сунде ја критикуваше денешницата на интернетот.

Пронајдете не на следниве мрежи: