Марко Логаут со нов летен хит!

Момчето кое ја плени јавноста со совршените акустични преработки на познати македонски песни на YouTube, Марко Логаут, денеска ја промовираше својата нова песна „Morning Light“ која се најавува како вистински летен хит. Песната која Марко ја направи со DJ Marrio Eddie кој го носи шармот на летото со себе, е создаденa со идеја да ги пренесе светските модерни звуци до нашите уши.„Идејата за песната се случи сосема спонтано. „Morning Light“ се работеше подолг период се додека влеговме заедно во студио со Marrio Eddie и решивме веднаш да ја снимиме и завршиме до крај. Главната цел ни беше многу едноставна – сакавме да направиме летен модерен хит кој ќе им влезе „во глава“ на сите и кој ќе измами насмевка и позитивна енергија кај секој исто како и кај нас кога прв пат ја слушнавме песната. Спотот исто така беше сработен да биде модерен и да потсетува на спотовите на летните светски хитови кои што ги гледаме на популарните музички станици,“ изјави Марко Милановиќ, кој додава дека ова е само еден од повеќето проекти кои што се планираат со Marrio, а на есен планираат да објават нова песна.
Текстот и вокалот на Morning Light се на Марко Логаут, зад музиката и аранжманот стои Marrio Eddie, додека за микс мастерингот е задолжен Рубин Димкоски. Видео записот кој предизвика позитивни коментари во јавноста го изработи Никола Китаноски.
„Идејата за песната се случи сосема спонтано. „Morning Light“ се работеше подолг период се додека влеговме заедно во студио со Ma

Пронајдете не на следниве мрежи: