Матераци за Ибра: Од каде и да си оди, истиот тим потоа освојува Лига на Шампиони…

Марко Матераци воопшто не е наивен, па така не се чекаше многу за да го возврати ударот на Швеѓанецот, поранешниот фудбалер на Интер зборуваше околу судирот меѓу Мурињо и Ибрахимовиќ.
Пред неколку недели, Златан Ибрахимовиќ изјави дека Матераци ќе остане запаметен единствено по тоа што Зидан го удри со главата и дека сигурно Италијанецот го навредувал семејството на легендарниот француски фудбалер.
„Искрено, мене ме плаши Милан да не ја освои Лигата на Шампионите. Бидејќи, од кој тим да си замине Ибрахимовиќ, истиот тој тим потоа ја освојува титулата во ова натпреварување. Така беше и во Интер, така беше и во Барселона“ изјави Матераци.
„Се сеќавам кога инсистираше да си замине од Интер и да премине во Барселона, му кажа на Киву дека без него нема да бидеме шампиони. Тогаш Мурињо пред сите му порача да си замине и дека Интер без него ќе освои се. Сите знаеме што се случи…“ откри Матераци.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Марко Матераци воопшто не е наивен, па така не се чекаше многу за да го возврати ударот на Швеѓанецот, поранешниот фуд

Пронајдете не на следниве мрежи: