Маж украл слики од 22-годишен билдер и бркал девојки: „Направив фризура, бев на депилација, се дотерав, а кога го видов…“

Во денешно време кога многумина се запознаваат и бараат партнери преку социјалните мрежи, лажното претставување преку интеренет веќе е добро позната појава.Своето непијатно искуство од една ваква ситуација го раскажала една млада девојка од Сплит.
Еве како таа паднала во замката на повозрасен човек кој ѝ се претставил како млад бодибилдер.
– Момчето ми пиша преку Фејсбук и почнавме нормална комуникација. Разговараше со мене многу пристојно, а на сликите изгледаше одлично. Комунициравме некое време и ми се допадна како зборуваше со мене, неговата смисла за хумор и сето тоа. Ми се претстави дека е 5 години постар од мене, дека има 27, раскажала девојката за „Слободна Далмација“.
– Постојано избегнуваше да се видиме преку камера, но и покрај тоа можам да кажам дека развив чувства спрема него, до некој степен можеби и се заљубив затоа што беше поинаков од сите машки со кои до тогаш сум разговарала. Се допишувавме долго време по цели вечери и со часови, а потоа се договоривме да дојде во Сплит. Кога зборувавме гласот му беше некако подлабок, но не му давав големо значење на тоа затоа што уживав во комуникацијата.

– За некое време се договоривме да се најдеме, а пред  да се сретнеме бев многу нервозна. Си мислев дека можеби тој ќе биде и љубовта на мојот живот и што уште не. Отидов на фризер, на депилација, го облеков најубавиот фустан, целата се средив тип-топ. Моите другарки беа свесни дека конечно ќе се сретнеме, па се договоривме на ВатсАп да им пишам оценка од 1 до 10. Седнав каде што се договоривме да се сретнеме, нарачав пијачка, а тој малку доцнеше. Кога дојде и седна до мене останав во шок. Наместо набилдан млад човек ми дојде маж од педесет и нешто години. Седна на мојата маса и ме праша што пијам. Сакав да пропаднам во земја. Неколку минути само молчев, а на пријателките им пишав оценка минус 10. Смогнав сили и го прашав чии се сликите на неговиот Фејсбук профил, а тој само ладно ми рече – што се лутиш, нели е важно што човекот има во себе, а не како изгледа. Само ми кажа дека сликите се на некој фитнес инструктор. Станав од масата, а тој почна да ме следи, по што му реков дека ако продолжи ќе му се јавам на брат ми. Потоа дознав дека сликите се од некое момче од Франција кое има 22 години и на кого профилот на Инстаграм му е отворен. Бев глупава, навистина глупава, вели оваа Хрватка за весникот која од срам не сакала да го открие својот идентитет.Своето непијатно искуство од една ваква ситуација го раскажала една млада девојка од Сплит.
Еве како таа паднала во замката на повозрасен ч

Пронајдете не на следниве мрежи: