Шиа Лабеуф, кој со своето контроверзно однесување ги полни медиумите, шорираше со последното интервју во кое тврди дека го силувала жена.Холивудскиот актер во февруари годинава живеел пет дена во мала соба во Лос Анџелес, а сите кои поминувале покрај неа, ги повикувал да му се придружат и да седнат со него во склоп на неговиот проект #IAMSORRY.
Цело време на главата носел хариена ќеса со натпис „Повеќе не сум славен“. Девет месеци подоцна, Шиа Лабеуф (28) раскажал дека една жена го силувала за време на проектот, точно на св. Валентин, додека неговата девојка Миа Гот стоела во редот пред вратата. Актерот не објаснил дали се обидел да го спречи нападот или не бидејќои за време на целиот настап молчел и не реагирал на никого. Во интервјуто кое го дал за Dazed Digital рекол дека непозната жена му ја соблекла облеката и го силувала иако била дојдена со момчето.
„Пред собата стоеа стотина луѓе кога излезе со разбушавена коса и размачкан кармин. Тоа не беше во ред поради момчето кое ја чекаше надвор“, објаснил Шиа во бизарното интервју.
Додал дека ја повредил и неговата девојка со која бил во врска две години.
„Стоеше во редот бидејќи сакала да ме види на Валентин. Кога ми побара ојаснување, поради проектот не можев да зборувам па затоа и двајцата седевме во тишина. Беше болно“, рекол Шиа.
Се пожалил и на оние кои само го посетиле, му ја тргнале ќесата од глава, направиле селфи и само заминале. Некои пак само го држеле за рака и плачеле со него.
Шиа со своето контроверзно однесување и изјави ги полни медиумите од почетокот на годината.
Се започнало оваа година на Филмскиот фестивал во Берлин кога актерот по конференцијата за новинарите, каде говореше за својот нов филм ‘Нимфоманијак’, по црвениот тепих се прошета со веќе споменатата ќеса на глава која тогаш имала отвори за очите. Во јули месец се пријави во клиника за рехабилитација.Холивудскиот актер во февруари годинава живеел пет дена во мала соба во Лос Анџелес, а сите кои поминувале покрај неа, ги п



