Меч за титула, меч за играње во лигата на шампионите

Ракометарите на Металург утре (18 часот, пренос на МТВ) во салата „Автокоманда“ во Скопје ќе го имаат најважниот дуел сезонава со лутиот ривал Вардар, дуел во кој ќе се решава шампионска титула сезонава.„Во пресрет на утрешниот дуел со Вардар направивме многу анализи на нашата игра и на играта на противникот на последниот меч. Ги анализиравме и нашата и нивната игра во претходните натпревари, така што извлековме важни заклучоци за тоа каде треба да се менува, каде да се зацврстува играта т.е. што е добро, а што треба да се коригира“ – вели тренерот на Металург Лино Червар во пресрет на утрешниот дуел од 6-то коло од завршницата во домашното првенство.
Ракометарите на Металург утре (18 часот, пренос на МТВ) во салата „Автокоманда“ во Скопје ќе го имаат најважниот дуел сезонава со лутиот ривал Вардар, дуел во кој ќе се решава шампионска титула сезонава.
Вардарци во пресрет на реваншот влегуваат со минимална предност од еден гол, која ја стекнаа во првиот натпревар (25-24), минатата недела. За титулата на Металург му е потребна победа од два гола или со еден гол разлика, но со помалку примени голови на гости.
Во петте натпревари одиграните сезонава меѓусебниот скор на Металург и на Вардар е два-еден-два (победи-нерешени-порази) што јасно кажува за колку изедначени екипи станува збор. Утрешната средба ќе биде многу повеќе од дерби, имајќи предвид дека Металург во последниве три сезони не загубил натпревар од домашното првенство во својата сала во „Автокоманда“.
– Многупати сум напоменал дека дуелите со Вардар се многу различни и поспецифични од сите други. Меѓусебното ривалство во нив дава поголема желба за победа и доминација. Во секој случај, знаеме дека нѐ очекува тежок и цврст натпревар. Нас моментно најважно ни е да го оспособиме Павел Атман за игра, бидејќи неговата помош во нападот ќе ни биде многу потребна, а исто така и да ја подобриме играта во одбрана во споредба со претходниот натпревар. Победата е цел и мотив за секој тим во секој натпревар, па се надевам дека со пожртвувана и борбена игра со победа ќе ја крунисаме и сезонава – рече Червар.
Победа во утрешниот натпревар е главна цел и мотив на двата тима, бидејќи титулата во домашното првенство е визиран билет за учество во елитното друштво, Лигата на шампионите за следната сезона. Поразената екипа ќе учествува во натпреварите на Купот на ЕХФ, или ќе треба да аплицира за квалификациите за ЛШ, како што тоа беше случај со Металург минатата сезона.
Тања Димитриоска, “Нова Македонија“.
 „Во пресрет на утрешниот дуел со Вардар направивме многу анализи на нашата игра и на играта на противникот на последниот меч. Ги анализиравме

Пронајдете не на следниве мрежи: