Медведев: Случувањата во Украина потсетуваат на СФРЈ!

Рускиот премиер ги потсети присутните дека Европа веќе била сведок на ситуација која е слична на оваа во Украина и тоа за време на војната во поранешната СФРЈ.„Јас сега не зборувам за конкретни луѓе, туку тоа се однесува на сите лидери на украинската држава. Како поранешните, така и сегашните лидери се одговорни за она што се случува. Голем дел од одговорноста е на оние кои ја поттикнуваат напнатоста во Киев и кои допринесоа за државниот удар во почетокот на оваа година“, изјави Медведев на состанокот со претставниците на владеачката Единствена Русија.
Рускиот премиер тврди дека Русија сака да го види својот сосед како средена држава која се враќа на уставниот пат.
„Без оглед на тоа што тие велат или пишуват, без оглед на тоа што вели пропагандата, тие ни се блиски: делиме заедничка историја, економија, и покрај тоа што живееме во различни земји. Ќе речам и нешто повеќе: имаме заедничка судбина“, рече Медведев.
Тој наведе дека официјална Москва очекува од Киев дека ќе има слух за своите противници, бидејќи само на тој начин ќе може да се обезбеди враќање на мирот.
Тој ги потсети присутните дека Европа веќе била сведок на слична ситуација по распадот на Варшавскиот пакт и избивањето на војната во поранешна Југославија.
„Земјата беше распарчана по таа страшна трагедија, а одвоените републики се најдоа во меѓусебни вооружени конфликти“, потсети тој.„Јас сега не зборувам за конкретни луѓе, туку тоа се однесува на сите лидери на украинската држава. Како поранешните, така и сегашните лидери

Пронајдете не на следниве мрежи: