Меѓу осомничените во акцијата „Претседавач“ е и познат директор во УЈП

Иако опозицијата акцијата „Претседавач“ ја оцени како политички мотивиран случај, сепак податокот дека меѓу уапсените е и важен директор во Управата за јавни приходи (УЈП) јасно покажува дека МВР постапило неселективно при оваа акција.Меѓу осомничените во акцијата  „Претседавач“ е и Елена Јанева Димова, која e висок функционер во УЈП. Таа е актуелен директор на Дирекцијата за големи даночни обврзници, но во акцијата Претседавач, одговара за времето додека ја раководела Регионалната дирекција на УЈП за Скопје. 
„Полицијата не постапува согласно политичката припадност туку според доказите за криминал обезбедени во истрагите на полицијата и на истражните органи“, изјави Иво Котески од МВР.
МВР многу пати досега повтори дека нема никаква политичка позадина во случајот, дека без разлика дали некој е политички определен или не, МВР ќе продолжи да работи неселективно бидејќи сите мора да бидат еднакви пред законите и извршувањето на некоја функција не смее да биде параван или амнестија за сторени тешки кривични дела.Меѓу осомничените во акцијата  „Претседавач“ е и Елена Јанева Димова, која e висок функционер во УЈП. Таа е актуелен директор на Д

Пронајдете не на следниве мрежи: