Меѓу Тиранската платформа и државните интереси, Заев ја одбра платформата

Меѓу Тиранската Платформа и државните и национални интереси на својот народ, аболицираниот криминалец Зоран Заев ја одбра платформата. Тиранската Платформа, значи директно мешање во внатрешните работи на Република Македонија, соопштуваат денес од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Граѓаните веќе одамна се сведоци на расипничката политика на СДСМ и нивната непресушна желба за власт, но овој пат тие се целосно шокирани, бидејќи гледаат дека Зоран Заев е подготвен на се само за да се спаси од кривична одговорност себе си и криминогеното раководство на СДСМ. Овој пат тој ја продава цела Македонија, само и само да ја засити својата патолошка желба за власт без поддршка од народот.
Зоран Заев играјќи по нотите од Тирана е спремен да направи Влада со Зијадин Села, човекот кој јавно признава дека сака да ја смени македонската химна и македонското знаме и дека не постои македонски идентитет.
Зоран Заев и СДСМ само да се доберат до власт, која изворно не им припаѓа, затоа што не победиле на изборите од 11-ти декември мораат да прават секакви отстапки на штета на унитарноста на Македонија.
Зоран Заев и СДСМ се подготвени на целосна двојазичност на државата, двојазични амблеми на војската и полицијата, двојазични банкноти и монети, прогласување за геноцидни народи на: Турците, Србите, Бугарите, Хрватите, Словенците, Црногорците, Германците, Италијанците, како и прогласување за геноциден и својот сопствен  народ.
ВМРО-ДПМНЕ изрази јасна подготвеност да ја спаси државата од провалијата кон која Зоран Заев е подготвен да ја втурне и му понуди целосна поддршка на неговата Влада, ако се откаже од Платформата од Тирана и нејзините катострофални последици врз Македонија и македонскиот народ.
Крајно време е Зоран Заев да покаже барем малку државност и чувство на припадност кон сопствениот народ да смогне сили и да и каже не на Платформата од Тирана, да ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ со што ќе се обврзе да не ја реализира Тиранската Платформа.
Доколку пак Зоран Заев до таа мера е импресиониран од Платформата од Тирана нека прифати парламентарни избори заедно со локалните избори во мај и нека излезе пред граѓаните со барањата од Тирана.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Граѓаните веќе одамна се сведоци на расипни

Пронајдете не на следниве мрежи: