петок, 27 ноември 2026
Најново

Меѓународен шаховски турнир во чест на македонскиот шаховски доајен Тодор Митров – Тиката

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Под мотото „Шах без граници“ денеска во Скопје ќе се одржи Првиот меѓународен шаховски турнир во чест на македонскиот шаховски доајен Тодор Митров – Тиката.На турнирот ќе учествуваат околу 150 шахисти од 10 земји, а меѓу учесниците пријавени се и шест женски шахисти. 
Покровител е семејството на Тодор Митров – Тиката, а турнирот е поддржан од Македонскиот олимписки комитет, Шаховската федерација на Македонија и од Шаховскиот сојуз на Град Скопје. 
Меѓународниот карактер, како и главното мото „Шах без граници” на овој настан има за цел да ја промовира Македонија преку спортот, а исто така е во насока на промовирање на шахот и спортот во Македонија.
– Покрај промоцијата на нашата земја, сакаме да ја инспирираме младата генерација да го развива интелектот и креативноста преку шахот и спортот воопшто. Младите се иднината на секоја земја, така и ние заедно да се заложиме и придонесеме за нашата идна и здрава Македонија, велат од организациониот одбор.
Наградниот фонд на турнирот е 300.000 денари. Парични награди ќе добијат најдобрите 14 шахисти, а специјални награди во паричен износ се обезбедени и за шахисти во неколку помлади категории и со понизок рејтинг. На турнирот ќе учествуваат околу 150 шахисти од 10 земји, а меѓу учесниците пријавени се и шест женски шахисти. 
Покровител е семејств

Поврзани вести