Мексиканскиот „Остров на кукли“ крие морничава тајна! Дали би го посетиле?

„Островот на кукли“ во Мексико е атракција за сите оние на кои им е преку глава од вообичаени туристички тури. Морничавиот остров изобилува со стотици кукли без глави, тела и екстремитети кои се рафрлани наоколу.Овој страшен остров е создаден откако се случила страшна трагедија кога едно мало девојче се удавило во канал.
Неколку дена откако било удавено девојчето, на местото на настанот била пронајдена кукла која претходно не била таму, па се сметало дека духот на девојчето сѐ уште шета на овој остров.
На островот живеел пустиникот Сантана Барера. Барера всушност го претворил местото каде што живеел во застрашувачки остров во знак на сеќавање на девојчето чие тело е најдено во близина.
Неколку дена откако е откриено телото на девојчето кое се удавило во каналот, на истото место Барера нашол кукла и верувајќи дека духот на девојчето се наоѓа во куклата, ја закачил на дрво. Во текот на следните години, собирал стари кукли од каналот и ги поставувал на ѕидовите на својот дом како и на дрвата во близина.
Со откривањето на островот Сантана Барера станал локална ѕвезда, а посетителите сами му носеле кукли, па грозоморното место набрзо станало популарно.
Барера починал во 2001 година, се удавил во каналот на истото место каде што го нашол телото на девојчето.
Островот на осакатените кукли денес е туристичка атракција која привлекува илјадници посетители од сите страни на светот.Овој страшен остров е создаден откако се случила страшна трагедија кога едно мало девојче се удавило во канал.
Неколку дена откако било уда

Пронајдете не на следниве мрежи: