Мерида велосипедскиот тим и во 2014 година ќе се вози со Volkswagen Комерцијални возила

• Новиот член Џулијан Шелб вози California
• Светскиот шампион Далa Флиша патуваат со MultivanСо годинешната презентација на Multivan Мерида велосипедскиот тим која се случи во Мајорка беше означен почетокот на новата сезона за 2014 година, а во исто време беше продолжена успешната соработка меѓу Мерида велосипедскиот тим и главниот спонзор, брендот Volkswagen Комерцијални возила , водечки производител на лесни товарни возила.
Секаде каде што ќе се појави Multivan Мерида велосипедскиот тим  во 2014, ќе биде придружуван од 11 Multivan возила, две возила Crafter. “Ние едноставно нема да успееме без овие возила. Ние ги користиме овие возила за да стигнеме на сите домашни и меѓународни трки и за да ја транспортираме нашата опрема”, –  истакна менаџерот на тимот Фабиан Ауст.

Нивниот успех е импресивен: по десет годишното партнерство Multivan Мерида велосипедскиот тим освои 16 германски, 15 европски и 12 светски шампионати, а забележа и 37 победи на Светското првенство.
“Производителот на велосипеди „Мерида“ и брендот Volkswagen – Комерцијални возила се идеални партнери. Двете страни имаат високо – квалитетни производи и се едни од најуспешните светски тимови во нивните области”, изјави Брам Шот, член на управниот одбор на Volkswagen –  Комерцијални возила.
Џулијан Шелб, новиот член кој е вице светски првак под 23 години, се одлучи за моделот California Beach со pop-up покрив и изјави: “Јас со нетрпение ги очекувам сите идни патувања со California. Ако некогаш се уморам, можам одлично да се наспијам во возилото. За нашиот спорт прекрасно е да имаш партнер како што е брендот Volkswagen Комерцијални возила кој произведува врвни модели”.

Гун Рита Далa Флиша, актуелната светска првенка во UCI маратонот со планински велосипеди, успеа најбрзо да помине 4 400 метри на надморска височина од 94 километри. Таа е пасиониран возач  на Multivan исто како и членовите на нејзиниот тим.
Multivan и California  се идеални возила за професионалци и за аматери. Секој што вози планински велосипед има потреба од флексибилно, сигурно и пространо возило. Со своите подвижни седишта и можноста за уредување на внатрешноста, Multivan обезбедува доволно простор и лесно се приспособува и може да ја собере целата велосипедска опрема, секако има заштита од кражба и од лоши временски услови.Со годинешната презентација на Multivan Мерида велосипедскиот тим која се случи во Мајорка беше означен почетокот на новата сезона за 2014 година,

Пронајдете не на следниве мрежи: