Месец посветен на венчавките на TLC

Најпознатиот светски телевизиски канал посветен на жените, во јуни е програмски ориентиран кон венчавките. Нови трендови, совети и искуства следете ги од втори јуни преку два премиерни серијали „Невеста по мерка” и „Заоблени невести”. Новата серија „Невеста по мерка”, ја следи работата на Хајди Елнора, дизајнерка на ексклузивни венчаници. Хајди дизајнира венчаници по мерка, а има и покренато уникатна линија Состави ја својата венчаница,која на невестите им овозможува сами да ја осмислат својата венчаницасо комбинирање на додатоци на основниот фустан што им овозможува по поволна цена да добијат уникатна венчаница. За Хајди сите невести се посебни, а пружањето на единствено искуство е дел од нејзиниот јужначки шарм и една од причините поради кои невестите сонуваат за венчаница од нејзиниот салон.
 
Вториот серијал „Заоблени невести” ги следи двете сестри и нивниот салон „Крвејшс котур” во обидот да им помогнат на жените кои немаат манекенска става да влезат во фустанот од своите соништа. Откако не можела да си најде дизајнерска венчаница за себе, Јукија Харис заедно со нејзината сестра Јунеисија, решаваат да им го решат проблемот на идните невести кои имаат вишок килограми. Од работа во подрумот на нивниот татко, девојките успеваат денес на своите муштерии да им нудат секакви фустани, од сатен до свила и тантела.
 
И двата серијали може да ги проследите од 2 јуни на TLC каналот. Првата епизода на „Невеста по мерка” започнува во 20 часот, а еден час подоцна во 21 часот проследете ја првата епизода од „Заоблени невести”.Новата серија „Невеста по мерка”, ја следи работата на Хајди Елнора, дизајнерка на ексклузивни венчаници. Хајди дизајнира венчаниц

Пронајдете не на следниве мрежи: