Месечен хороскоп за септември

Пишува: професионален астролог Снежана Штрковска
 Ноќ без Месечина – 05 септември; полна Месечина – 19 септември; Сонце влегува во Вага – 22 септември; Венера влегува во Скорпија – 11 септември.
Направете комбинација на толкувањата за вашиот знак и за подзнакот.
*Ако сакате подетално да дознаете што ве очекува во тековната година, кликнете и нарачајте – соларен хороскоп.
 
ОВЕН – Фокусот на настани за вас драги Овнови се префрла овој месец на полето на меѓучовечки односи. Ќе имате полна „капа“ проблеми за решавање, ваши или туѓи. Ненадејни настани ве очекуваат во деновите околу 15 септември, кога и вие ќе реагирате импулсивно, без доволно да размислите за последиците. Некакво спротивставување е во прашање, и време е да се разреши. Внимавајте околу 26 септември, некои ваши тајни ќе излезат на виделина. Туѓи пари или некој долг ќе ви тежат во мислите.
 
БИК – Планетите полека се придвижуваат во Скорпија, а тоа за вас ќе донесе: зачестена комуникација, повеќе клиенти, и воопшто бројни други луѓе кои на било кој начин може да помагаат во она што го правите. Еден од нив може да е потенцијалниот партнер, па очите ширум отворени, и бирајте. А ако сте веќе во љубовна врска, овој месец ќе е почеток на зацврстување на односите. Околу 15 септември, некои прашања кои лежеле недоволно јасни во вашите мисли, сега ќе добијат одговор и разрешница.
 
БЛИЗНАЦИ – Пари и како до нив ќе е главниот мотив за вас овој месец. Ќе ви биде лесно да дојдете до некоја значајна сума. Но започнува за вас и период со многу обврски, или барем така ќе се чувствувате: оптоварени со секојдневни задачи кои треба да се завршат. Заврши одморот за вас драги Близнаци. Што се однесува до некоја групна активност, доколку сте вклучени, очекувајте промени до кои лесно ќе дојде. Преземете чекор кон промените во деновите околу 15 септември, бидејќи ѕвездите се наклонети за таква активност, или едноставно ќе има промена на кругот на пријатели.
 Повеќе на TZM.MKНоќ без Месечина – 05 септември; полна Месечина – 19 септември; Сонце влегува во Вага – 22 септември; Венера влегува во Скорп

Пронајдете не на следниве мрежи: