Меси: Не го доведов јас Мартино

Аргентинскиот интернационалец од редовите на екипата на Барселона, Лионел Меси, за јавноста изјави дека немал никакво мешање во однос на избирањето на новиот тренер на Барселона.Лео Меси ги демантираше шпекулациите изнесени во некои медиуми дека наводно тој имал одредено влијание за одлуката Тата Мартино да биде новиот тренер на Барселона.
„Тоа се глупости, бев изненаден кога пристигна Мартино. Немам никаква врска со тоа, одлуката ја донесе управата на Барселона, претседателот на клубот Росел и целиот клуб, јас своевремено изјавив дека е добар тренер пред неколку години, а сега медиумите тоа го искористија“ изјави Меси.
Лео вели дека Барселона нема други опции, мора да гледа напред.
„Мораме да одиме напред по заминувањето на Тито, ќе биде тешко но ќе го следиме тој пат. Мораме да гледаме само напред, друга опција немаме…“ беше завршниот коментар на аргентинецот.Лео Меси ги демантираше шпекулациите изнесени во некои медиуми дека наводно тој имал одредено влијание за одлуката Тат

Пронајдете не на следниве мрежи: