Металург со убедлива победа против Вардар

Ракометарите на Металург го совладаа Вардар Про во СЦ „Борис Трајковски“ со убедливи 26:18, со што избраниците на Лично Червар се одмаздија за поразот од 27:22. По израмнетото прво полувреме во кое темпото го диктираше Вардар и го доби со 12:10, Металург одигра брилијантно во вториот дел кој го доби со 16:6 стигна до значајна победа. 
Вардар го загуби мечот во периодот од 30-та до 45-та минута, кога Вардар постигна само еден единствен погодок, благодарение на извонредниот Раде Мијатовиќ, кој ги одбрани речиси сите удари на играчите на Вардар. 
Наумче Мојсовски и Ренато Вугринец со по 8 погодоци беа најефикасни на мечот. 
Мечот помина во фер атмосфера, освен една случка во 50-та минута, кога еден од навивачите на Вардар фрли со столче кон теренот, но обезбедувањето веднаш реагираше. По израмнетото прво полувреме во кое темпото го диктираше Вардар и го доби со 12:10, Металург одигра брилијантно во вториот дел кој го доби со 16:6

Пронајдете не на следниве мрежи: