Металурзите пресилни за Колдинг, на повидок – четвртфинале!

Екипата на Металург со убедлива победа патува во Данска на реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на Шампионите.Екипата на Металург забележа победа од 23-17 над екипата на Колдинг во првиот натпревар од осминафиналната фаза во Лигата на Шампионите, во натпревар каде првиот дел гласеше со резултат 14-9 во корист на нашиот претставник.
Натпреварот започна одлично за нашиот претставни, па по првите 10 минути игра Металурзите имаа предност од 6-2 над данскиот претставник.
Во 20-тата минута Металург има предност од високи 10-4 со што полека но сигурно ја градеше победата од овој натпревар уште од овие моменти од дуелот.
По првите 30 минути игра резултатот гласеше 14-9 во корист на Металург.

Во второто полувреме нашиот претставник започна повторно убедливо, па уште во 40-тата минута забележа предност од 17-11. Во 50-тата минута резултатот гласеше 20-15.
Конечниот исход на крајот од дуелот гласеше 23-17 во корист на нашиот претставник кој со солидна предност патува на реваншот во Данска.
Прочитајте повеќе на спорт365Екипата на Металург забележа победа од 23-17 над екипата на Колдинг во првиот натпревар од осминафиналната фаза во Лигата на Шампионите, во натпрев

Пронајдете не на следниве мрежи: