Од УХМР известуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од слаб снег.
По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, променливо облачно со појава на магла. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.



