Метеорит падна на Земјата и донесе состојки за создавање на животот

Деловите од метеоритот „Sutter’s Mill“ кој минатата година падна на Земјата над Калифорнија би можело да фрли друго светло на „праисконската мешавина “ од која настанал животот на Земјата.Научниците тврдат дека откриле неочекувани состојки за настанокот на животот, односно органски молекули досега никогаш не се видени во метеоритите, во парчето камен кој падна на Земјата над Калифорнија минатата година.
Метеоритите кои паѓаат на земјата најчесто се фрагменти на астероиди, кои се наоѓаат над планетите Марс и Јуптер. Метеоритите можат да бидат богати органски соединенија вклучуваќи ги и оние кои се наоѓаат на Земјата.
– Затоа нивната композиција секогаш била набљудувана како напредна еволуција и дека животот на Земјата можеби се развил од вонземски материјали во метеоритите, изјави за space.com Сандра Пицарело, авторка на студијата во која се претставени податоци од анализите на камењата на метеоритот кој падна во Калифорнија.
– Со оглед на тоа дека потеклото на животот во целост е непознаница, наведената идеја има своја тежина, додаде таа.
Органските хемикалии во метеоритите можат да се извадат. Користејќи стандардна метода, научниците во фрагментите на метеоритот „Sutter’s Mill“ не пронајдоа многу органски соединенија, туку всушност дојода до помалку од вообичаената количина.
Сепак, се обидоа да дојда до подобри резултати со друга метода, а таа даде значително подобри резултати. Биохемичарите повторно се обидеоа, но на начин што репродуцирале услови како кај хидротермалните извори на Земјата, што одговараше на поранешните услови на Земјата во која можеби и настанал животот.
Деловите на метеоритот со таа метода ослободија мноштво молекули кои научниците никогаш порано не ги откриле во метеоритите. Тој пронајдок сугерира како по пат на метеоритите се достапни многу повеќе органски материјали за планетите, отколку што научниците тоа го препоставувале.
Органските молекули кои биохемичарите ги пронајдоа во „Sutter’s Millu“ би можеле да формираат основни групи на молекули кои би можеле да содржат соединенија корисни во предбиолошката еволуција, заклучува Пицарело.
mkd-news.com
 Научниците тврдат дека откриле неочекувани состојки за настанокот на животот, односно органски молекули досега никогаш не се видени во метеор

Пронајдете не на следниве мрежи: