Метеоролозите најавија снежни врнежи: Еве какво време не очекува за викендот

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но и со повремени врнежи од дожд, претежно со слаб интензитет. Пооблачно ќе биде во западните делови од земјата каде што ќе биде и нешто поврнежливо, меѓутоа не се очекуваат големи количини на воден талог. На повисоките планини во западните делови ќе има повремени слаби врнежи од снег. Ќе дува слаб до умрен ветер од јужен правец.Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од 10 до 17 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со кратки сончеви периоди, но и со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 14 степени.
Нови врнежи од дожд се очекуваат од петок попладне до сабота во пладневните часови кога повторно повеќе врнежи се очекуваат во западните делови од земјата каде што на повисоките планини повторно ќе има врнежи од снег.
Во сабота се очекува и засилен ветер од југозападен правец. Дневните температури ќе бидат без позначителни промени.
Од недела ќе преовладува стабилно време со пониски утрински температури.Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од 10 до 17 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со кратки сон

Пронајдете не на следниве мрежи: