Метју Пери и Мет Лебланк не беа поканети на свадбата на Џенифер Анистон. Дознајте зошто!

Метју Пери и Мет Лебланк беа дел од актерската постава на мега-популарната серија „Пријатели“, во којашто глумеше и Џенифер Анистон.Џенифер Анистон се омажи на 5. август за нејзиниот долгогодишен партнер Џастин Тероу. Она што се прошири низ американските медиуми е прашањето зошто Пери и Лебланк не присуствуваа на свадбената церемонија.
„Бев изненаден. Не бев известен дека ќе се мажи“ – изјавил Пери.
Иако официјално не бил поканет на свадбената церемонија, 45-годишниот актер изјавил дека е среќен поради нив и им посакал сѐ најдобро.
И Мет Лебланк (48), не беше поканет на церемонијата и во однос на изјавата беше краток како и неговиот колега.
„Не бев таму, но ѝ посакувам сѐ најдобро. Со оглед на тоа дека свадбената церемонија беше поинтимна и за помал круг на пријатели, веројатно затоа не бев поканет да присуствувам“ – изјавил тој.
Лиза Кудроу и Кортни Кокс беа дел од гостите, но момците не им замерија за тоа.Џенифер Анистон се омажи на 5. август за нејзиниот долгогодишен партнер Џастин Тероу. Она што се прошири низ американските медиуми е прашањето зошт

Пронајдете не на следниве мрежи: