четврток, 12 ноември 2026
Најново

МФ: Дополнителниот заменик Наумов не знае да чита календар на аукции

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерството за финансии реагира на изјавата на дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов.-Фрапантно е дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов да не знае да чита календар на аукции на државни хартии од вредност. Всушност секој граѓанин на веб-страната на Министерството за финансии може да провери дека  на 6 ноември доспеваат за враќање 751 милион денари, додека на 8 ноември се одржува аукција на која се побаруваат државни хартии од вредност во износ од 750 милиони денари. Станува збор за презапишување на записите. Ова е уште една епизода на дезинформирање на јавноста со цел негативен ПР за состојбата на државниот долг, реагираат од МФ.-Фрапантно е дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов да не знае да чита календар на аукции на државни хартии од вредност. Всушност

Поврзани вести